Почнува најголемата воена вежба на НАТО со 90.000 војници
НАТО ги испрати први бродови од Северна Америка кон Европа за најголемата воена вежба во последните неколку децении...

НАТО ги испрати први бродови од Северна Америка кон Европа за најголемата воена вежба во последните неколку децении.
Според командата на сојузничките сили во Европа, американскиот десантен брод Ганстон Хол од пристаниште во Норфолк Вирџинија патува кон Европа. Канадска Фрегата исто така треба да заплови од Халифакс кон Европа.
Околу 90 илјади војници ќе учествуваат во големата воена вежба наречена „решителен бранител“ која ќе трае до крајот на мај. Командата на западниот воен пакт во белгискиот град Монс објави дека првата голема вежба ќе почне на 11-ти февруари. Сценариото за воената вежба ќе биде руски напад на сојузничка територија, за активирање на членот 5 на договорот на НАТО, според кој напад на една членка на воениот пакт се смета за напад на сите членки.
