ПАРТИИ

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски заминува како најнеславен министер на МВР

25.01.2024 09:55

Спасовски наместо да ги заштити граѓаните, ги штитеше криминалците и се фотографираше со нив. Спасовски наместо МВР да ја претвори во институција која ќе обезбеди безбедност, јавен ред и мир и стабилност на државата и граѓаните, ја претвори во институција на скандали, нагласуваат од партијата.

Оливер Спасовски после осум години конечно заминува од позицијата министер за внатрешни работи. Спасовски освен што го уништи МВР, целосно ја загрози безбедноста на граѓаните, а неговото министерување беше проследено со стотици скандали за кои до ден денешен нема никаква разрешница, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски наместо да ги заштити граѓаните, ги штитеше криминалците и се фотографираше со нив. Спасовски наместо МВР да ја претвори во институција која ќе обезбеди безбедност, јавен ред и мир и стабилност на државата и граѓаните, ја претвори во институција на скандали, нагласуваат од партијата.

Во последниот месец од неговото катастрофално министерување се случи и целосен хаос со вадење на нови патни исправии на граѓаните кои до ден денеска се оставени на минусни температури да чекаат, иако обрасци за подготовка на патни исправи и возачки дозволи нема доволно.

Со Спасовски и СДС во Македонија никогаш не било полошо, но доброто е што денеска завршува неговото катастрофално и најнеуспешно министерување, стои во соопштението од партијата.