Култура

Модна изложба „Носиме уметност“ во Францускиот институт во Скопје

25.01.2024 10:01

Преку избор на дел од овие модни креации, се продолжува омажот за еден најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје...

Од 26-ти јануари започнува сезоната на културни настани во Францускиот институт во Скопје. Имено, на тој ден во организација на Францускиот институт со поддршка на Амбасадата на Шпанија, во 18 часот ќе биде отворена модната изложба „Носиме уметност“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Оддавајќи им омаж на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева, која, со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека, веќе организираше модна ревија во Музејот на град Скопје.

Преку избор на дел од овие модни креации, се продолжува омажот за еден најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје, чие отворање е прв културен настан во Францускиот институт за 2024 година.