Македонија

МВР: 148 санкции за брзо возење

25.01.2024 10:03

75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 148 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.