Спасовски и Сулејмани потпишаа договор за соработка и размена на информации во електронска форма меѓу МВР и Управа за водење на матични книги
Оливер Спасовски и директорот на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани, беше потпишан Договорот за соработка и размена на информации во електронска форма, а со цел натамошно поттикнување и јакнење на меѓусебната соработка.

Денеска во МВР од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани, беше потпишан Договорот за соработка и размена на информации во електронска форма, а со цел натамошно поттикнување и јакнење на меѓусебната соработка и поуспешно и поефикасно спроведување на законски утврдените надлежности.
Спасовски истакна дека овој договор го претставува напредокот и модернизацијата, како и тоа дека соработката и употребата на технологијата може да создадат силни врски помеѓу различни институции со цел да обезбедат ефикасна и ефективна услуга кон граѓаните и да се елиминираат злоупотребите.
Од страна на директорот на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани, беше потенцирано дека конечно се остварува неколкугодишната заложба да се реализира овој проект, со оглед на тоа дека институциите се првиот контакт со граѓаните. Притоа, тој истакна дека со соодветни упатства и рокови ќе се продолжи со имплементација на договорот, стои во соопштението од МВР.
