ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Обраќање на министерот Николовски на настанот „ЕУ инвестира во модерен систем за советодавни услуги во земјоделството“

25.01.2024 11:56

На настанот ќе присуствува и свое обраќање ќе има и евроамбасадорот Дејвид Гир...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе има свое обраќање на настанот – „ЕУ инвестира во модерен систем за советодавни услуги во земјоделството“, на кој ќе се доделат и сертификатите на 90 советници за советодавни услуги.

Како што најавија од Министерството, на настанот ќе присуствува и свое обраќање ќе има и евроамбасадорот Дејвид Гир.