Македонија
СДСМ ја предложи Ана Павловска-Данева за уставен судија
25.01.2024 12:05
Павловска-Данева е поранешна пратеничка на СДСМ...

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Ана Павловска-Данева е новиот предлог на СДСМ за уставен судија, откако вчера на собраниската Комисија за избори и именувања беше повлечен предлогот поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.
Павловска-Данева е поранешна пратеничка на СДСМ.
За досегашниот кандидат, Љубомир Јовески, повлекувањето на неговата кандидатура без никакви објаснувања и основи е вулгарно. Вели дека не требало да го номинираат ако не биле посветени на завршување на процесот.
