Виза за Канада вадете сами!

09.06.2014 17:16

Граѓаните нема потреба да се изложуваат на дополнителен трошок, нагласува правобранителот Мемети.

Иселеничка виза за Канада вадете сами, без посредници. За Канада не важи посредништвото- алармира Народниот правобранител кој од канадскиот медијатор за миграција за Квебек, Канада бил информиран дека во Македонија се појавиле лажни посредници за канадска виза.

Граѓаните нема потреба да се изложуваат на дополнителен трошок, нагласува правобранителот Мемети.

„Бара од мене превентивно да делувам бидејќи постојат лица кои ги мамат граѓаните, изјави народниот правобранител“, Иџет Мемети.

Измамниците- агенти за посредување барале директни уплати на пари преку интернет, но можеле и лажно да ветат школување или вработување. Сашо Гроздановски кои девет години како агент посредува во вадење визи, но австралиски, посочува дека канаѓаните повеќе сакаат апликациите сами да ги пополнуваат барателите на виза. Се соочил со нелојална конкуренција.

„Можам да кажам дека порано, пред околу две години многу луѓе доаѓале измамени, а сега околу 15-тина годишно се измамени“, вели Гроздановски.

Досега во МВР информираат дека немаат добиено пријава за измамени граѓани. Народниот правобранител апелира дека за вадење виза преку посредници, граѓаните најпрвин да се осигураат дали одредена агенција или лице се овластени за таков вид услуга.

Во конкретниот случај за Канада, страната на министерството за миграција постојат сите формулари кои бесплатно се подигаат, а секоја страна е заштитена со логото на канадското министерство.

 

Миле А. Ристески