Пресуда за „Ласкарци“: Вкупно 39 години затвор за обвинетите
Вкупно 39 години затвор добија сите обвинети во процесот „Ласкарци“, за несреќата на автобусот на „Дурмо Турс“, во која загинаа 16 лица, а над 30 лица беа повредени…

Случајот со автобуската несреќа во Ласкарци од 2019-та година во која загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени добива разрешница. Судијката Диана Груевска пред изрекување на пресудата кажа дека ова судење било предизвик за неа, бидејќи се работи за комплексен процес во кој правдата мора да биде изведена.
Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, доби четири години затвор. Одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари доби шест години затвор. На возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, изречен му е затвор од 14 години. Тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски добија затвор од по пет години. Сите добија и забрана за извршување професија.
Сите обвинети знаеле дека автобусот има неисправни сопирачки, но сепак, го пуштиле да го помине техничкиот преглед.
Известува Наташа Гркова-Петрушевска
