Култура
Во Крушево се одбележува роденденот на Тоше Проески
25.01.2024 13:46
Пристигнаа многу посетители и обожаватели на македонската музичка икона во спомен домот на Гумење и пред неговото вечно почивалиште...

Сеќавања, песни и многу емоции денеска во Крушево, на денот кога Тоше требаше да го прослави 43-от роденден. Пристигнаа многу посетители и обожаватели на македонската музичка икона во спомен домот на Гумење и пред неговото вечно почивалиште. Општина Крушево со низа манифестации ќе го одбележи денот. Што е предвидено денеска во Крушево во спомен на Тоше Проески, известува Елизабета Митреска.
