Реал го надмина Манчестер Сити на листата на најпрофитабилни клубови

25.01.2024 14:09

Растот на приходите беше поттикнат од силните перформанси на малопродажбата, зголемената посетеност на стадионите и обновувањето на приходите од спонзорството по олеснувањето на ограничувањата за коронавирус.

Реал Мадрид го надмина Манчестер сити во рангирањето на најпрофитабилните фудбалски клубови на крајот од сезоната 2022/23.  Како што објави „Делојт“ приходите на мадридскиот клуб изнесуваат 831 милион евра, што е за 118 милиони евра повеќе во однос на сезоната 2021/22.

Шпанскиот клуб се најде на врвот на ранг-листата за прв пат по сезоната 2017/18. Растот на приходите беше поттикнат од силните перформанси на малопродажбата, зголемената посетеност на стадионите и обновувањето на приходите од спонзорството по олеснувањето на ограничувањата за коронавирус.

Реал Мадрид го надмина Манчестер сити (826 милиони евра). Следуваат ПСЖ (802 милиони евра), Барселона (800 милиони евра) и Манчестер јунајтед (746 милиони евра).