Високи критериуми за полицајци
Од 198-те кандидати кои ги минаа првите флитри за полицајци во хеликоптерската единица, само 38 останаа по селекцијата од проверките на земја. 30 се мажи и 5 девојки...

Новите кандидатите за полицајци стартуваа со полагање на практичниот дел. Почнаа со запознавањето на настаните кои се случиле во изминатото деноноќие и со потрагите по исчезнати лица. Засукаа ракави, па на терен. Ловат непрописно поминување на пешаци.
„Поените од ова тестирање ќе влезат во нивното бодовно салдо коешто ќе го видат на ранг листата“, изјави Гоце Бачанов, началник во Центарот за обука Идризово.
Теоретскиот дел, вежбите по гаѓање и боречките вештини веќе ги поминаа. Ќе следува тестот по сообраќајна и по гранична контрола.
Високи се критериуми за да се стане полицаец. МВР веќе неколку години почна со нови принципи за вработување. Еден од нив е принципот на селекција. Критериумите ги изготвуваат експерти од полициската област. Полицаец ќе биде оној кој ќе ги мине сите селекции со висока оцена.
„Ја имаме таа привилегија да конкурираат поголем број лица коишто поминуваат низ ригорозен и транспарентен процес на селекција, врз основа на претходно точно определени критериуми“, изјави Иво Котевски – помошник министер за односи со јавноста во МВР.
МВР ужива голем углед во земјава, оттука и големата заинтересираност да се биде дел од него. Од 198-те кандидати кои ги минаа првите флитри за полицајци во хеликоптерската единица, само 38 останаа по селекцијата од проверките на земја. 30 се мажи и 5 девојки. Им остануваат уште последните лекарски проверки и воздушното тестирање. Само најдобрите ќе одат на едногодишна обука. Оние кои ќе ја завршат ќе бидат вработени.
Наташа Гркова-Петрушевска
