Сабаленка и Женг во финалето на Австралија опен

25.01.2024 14:26

Сабаленка и Женг досега играле само еден меѓусебен меч и тоа на Ју Ес Опен лани во четвртфиналето, кога Белорусинката победи со 6-1 и 6-4.

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе игра против кинеската тенисерка Чинвен Женг во финалето на Австралија опен

Сабаленка претпладнево ја победи Американката Кори Гауф во два сета во полуфиналниот меч на Австралија опен.

Во меч што траеше еден час и 44 минути, Сабаленка славеше победа со 2:0, по сетови 7:6 (7:2) и 6:4. Белорусинката е актуелен победник на Грен слемот во Мелбурн.

Женг денеска ја победи Украинката Дајана Јастремска со 6-4 и 6-4. Женг е втората тенисерка од Кина што ќе игра грен слем финале по Ли На.

Сабаленка и Женг досега играле само еден меѓусебен меч и тоа на Ју Ес Опен лани во четвртфиналето, кога Белорусинката победи со 6-1 и 6-4.