Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата
На предлог на Социјалдемократскиот сојуз мојот драг колега Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот Талат Џафери, што е и логично впрочем затоа што тоа е концептот – првиот заменик премиер да биде од коалицискиот партнер, изјави денеска Груби...

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби потврди дека негов заменик за функцијата прв заменик на премиерот во преодната влада ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
На предлог на Социјалдемократскиот сојуз мојот драг колега Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот Талат Џафери, што е и логично впрочем затоа што тоа е концептот – првиот заменик премиер да биде од коалицискиот партнер. Ако премиерот е од ДУИ првиот заменик да биде од СДСМ, ако премиерот е од СДСМ, првиот заменик да биде од ДУИ. Убеден сум дека ќе ја изврши работата доследно рече Груби, на новинарско прашање при учество на настан за завршување на обновата на патот Скопје- ГП „Блаце“.
