мвр

Приведен крадец во Куманово

25.01.2024 14:53

Тој се сомничи дека на 17.01.2024 влегол на приватен имот и одзел повеќе предмети...

Денеска во 09.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Б.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека на 17.01.2024 влегол на приватен имот и одзел повеќе предмети.

С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.