Министерство за правда

Формиран новиот состав за Советот на ИКТ во правосудството

25.01.2024 15:46

Во текот на вчерашниот ден министерот за правда, Кренар Лога донесе одлука за основање на нов Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи кој ќе има 13 членови...

Во текот на вчерашниот ден министерот за правда, Кренар Лога донесе одлука за основање на нов Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи кој ќе има 13 членови. Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комуникациска технологија во правосудство, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ во правосудство, соопштија од Министерството за правда.

За членови на Советот се именувани: Влатко Милошевски – Јавно обвинителство-Скопје, Даут Рустеми-Апелационен суд Гостивар, за прв пат во советот има претставник од БЛУПРИНТ групата за реформи во правосудството, Александра Цветаноска од Здружение на млади правници, Иван Џолев-Основен Кривичен суд Скопје, Ислам Абази-ОЈОГОК, Сања Пандилов-Академија за судии и јавни обвинители, Сања Димовска-Министерство за правда, Анита Андоноска-Судски совет, Јелена Колева Догазанска-Совет на јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоска-Вишо Јавно обвинителство Битола, Шпенд Деваја-Врховен судија и член на Здружение на судии, Ѓорѓи Андонов-судија во Основен суд Штип, Наим Ферати-МИОА.

Составот на Советот е избран по претходни консултации со сите релевантни фактори и стручната јавност. Тој ја следи имплементацијата на Стратегијата за ИКТ во правосудството и Акцискиот план, ги дефинира и имплементира мерките и активностите за дигитализација на правосудството, учествува во подготовка на закони, други правни акти и презема мерки од областа на примената на ИКТ во правосудните органи. Мандатот на членовите е 2 години, стои во сооптението.