Ковачевски ја достави оставката во Собранието, по него и Џафери
Почна процесот за техничка влада. Претпладнево Ковачевски лично ја достави во собранието неговата оставка, со што во оставка е целата влада до изборот на техничката влада во недела на 28-ми јануари. По него оставката ја депонираше и спикерот Џафери...

Ден за оставки во Собранието. Најпрвин премиерот Ковачевски, па спикерот Џафери. Имам чувство на чест и гордост, бидејќи ја водев владата во едно кризно време, рече премиерот во оставка, Ковачевски. За 100-дневниот негов наследник рече, тој е искусен политичар.
Претседателот Талат Џафери, кој од недела ја презема премиерската фотелја на Илинденска е со став, обврска е да спроведеме фер и демократски избори.
Првиот вицепремиер, Артан Груби во техничката влада ќе биде вицепремиер и министер за политички прашања и политички систем. На негово место доаѓа Бојан Маричиќ.
Оставките ќе бидат констатирани на седница в петок, кога ќе биде избран и новиот спикер Јован Митрески. Веќе в недела, гласање во Собранието за техничката влада под водство на Талат Џафери.
Миле Ристески
