Реакција
ВМРО-ДПМНЕ реагира за казните за случајот „Ласкарци“
25.01.2024 17:35
Според партијата, само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот, газдата на Дурмо Турс, добива најмала казна од обвинетите, а возачот, шестообвинет, најголема...

По пет години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ, случајот „Дурмо Турс“ има разрешница, која наместо да донесе правда за трагедијата, отвора нови прашања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот, газдата на Дурмо Турс, добива најмала казна од обвинетите, а возачот, шестообвинет, најголема.
Пет години му требаше на судството со СДС и ДУИ, да пресуди за 16 изгубени животи во превртен автобус со неисправни кочници. Затоа довербата во судството е само 2 проценти, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
