Во Крушево, одбележување на роденденот на Тоше
Сеќавања, песни и многу емоции денеска во Крушево, на денот кога Тоше требаше да го прослави 43-ти роденден. Пристигнаа многу посетители и обожаватели на македонската музичка икона во спомен домот на Гумење и пред неговото вечно почивалиште…

Да беше жив Тоше ќе го славеше 43-тиот роденден. Но, сега има многу сеќавања, емоции, и манифестации во чест на големиот музичар, нашиот и во сечии срца, Тоше Проески.
Сеќавања на неговото вечно почивалиште, а во спомен куќата хуманитарна изложба на портрети на Тоше во камен. Промоција на спот со негови рефрени, одекнаа неговите песни и голема крводарителска акција.
Музејот на Тоше е меѓу најпосетуваните со преку еден милион гости.
25-ти јануари останува ден полн со емоции за сите што го поддржуваа Тоше Проески и инспирации за идните генерации, како голема музичка ѕвезда и голем хуман човек.
Елизабета Митревска
