Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
26.01.2024 07:56
Денеска во западните делови ќе биде претежно сончево и тивко, а во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Времето денеска во западните делови ќе биде претежно сончево и тивко, а во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-6 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до-3, а максималната ќе достигне 10 степени.
