Јавна дискусија

Јавна дискусија на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија, 2024-2026“

26.01.2024 08:05

Денеска во просториите на Клуб на органите на државната управа (Клуб на пратеници), ќе се одржи јавна дискусија за нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија, 2024-2026“...

Денеска во просториите на Клуб на органите на државната управа (Клуб на пратеници), ќе се одржи јавна дискусија за нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија, 2024-2026“, на која воведни обраќања ќе имаат Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и Ана Чупеска-Станишковска, претставник на академската заедница.

Јавната дискусија како што е најавено, ќе ја води Роберт Алаѓозовски, претседател на Координативното тело за изготвување на Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија.