Министерството за одбрана и УКИМ ќе потпишат Меморандум за соработка
Меморандумот ќе биде потпишан од страна на министерката за одбрана Славјанка Петровска и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова...

Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за одбрана и УКИМ.
Меморандумот ќе биде потпишан од страна на министерката за одбрана Славјанка Петровска и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова.
Меморандумот опфаќа повеќе форми на соработка помеѓу двете институции, вклучувајќи реализација на практична настава за студентите, давање на препораки за вработување на најдобрите студенти од УКИМ во областите од интерес на одбраната, стипендирање на студенти од критични специјалности, како и промоција на воената професија на студентите на Универзитетот, информираат од Министерството за одбрана.
