МНР

Одбележување на Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот

26.01.2024 08:21

Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи традиционалниот настан за одбележување на 27-ми јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот.

Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи традиционалниот настан за одбележување на 27-ми јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот.

Како што информираат од МНР, на настанот воведни обраќања ќе имаат државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, амбасадорката на Државата Израел, Симона Франкел, амбасадорката на Република Хрватска во својство на претседавач со IHRA, Нивес Тигањ и заменик-претседателката на Еврејската заедница во Северна Македонија, Радојка Хелман Денковска.