Алабама

Прва смртна казна со помош на азотен гас во САД

26.01.2024 09:10

Во американската држава Алабама, 58-годишниот Кенет Јуџин Смит осуден за убиство, беше погубен со азотен гас, што е прв ваков случај. Државните власти го нарекоа „најбезболен и најхуман метод на егзекуција досега“...

Во американската држава Алабама, 58-годишниот Кенет Јуџин Смит осуден за убиство, беше погубен со азотен гас, што е прв ваков случај. Државните власти го нарекоа „најбезболен и најхуман метод на егзекуција досега“, противниците пак тврдат дека методот е суров и експериментален.

На Смит му била ставена маска и преку неа вдишал чист азотен гас, предизвикувајќи недостиг на кислород. Беше осуден на смрт за убиството во 1988 година.

Властите во Алабама се обидоа да ја извршат казната во ноември 2022-та со вбризгување смртоносна мешавина од хемикалии, но се откажале од обидот на полноќ, кога истекол федералниот налог за егзекуција.