НАТО

Турција и официјално го ратификува членството на Шведска во НАТО

26.01.2024 11:05

Турција вчера и официјално ја финализираше ратификацијата на членството на Шведска во НАТО, со што воено неутралната скандинавска земја ја дели уште еден чекор да стане полноправна членка на Северноатлантската алијанса...

Турција вчера и официјално ја финализираше ратификацијата на членството на Шведска во НАТО, со што воено неутралната скандинавска земја ја дели уште еден чекор да стане полноправна членка на Северноатлантската алијанса. Единствената земја која сè уште не го одобрила членството на Шведска е Унгарија.

Гласањето за протоколите сè уште не се на дневен ред на унгарскиот парламент. Според властите, нема итност за одобрување на кандидатурата. Шведска, заедно со Финска, побара заштита под капата на НАТО по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.