М-НАВ со ново раководство, Милан Кораќ претседател на Управниот одбор
Македонска навигација и официјално доби ново раководство по упадот од 4-ти јануари. Нов претседател на управниот одбор и извршен директор во воздухопловна техника е Милан Кораќ...

Македонска навигација и официјално доби ново раководство по упадот од 4-ти јануари. Нов претседател на управниот одбор и извршен директор во воздухопловна техника е Милан Кораќ.
Хекуран Асани е директор за воздухопловна навигација. Комплетирани се сите процедури за промените во врвот. По скандалозниот инцидент, постапувајќи по насоки на владата, надзорниот одбор на М-НАВ ги разреши претседателот на управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор.
За упадот, Обвинителството отвори истражна постапка против осуммина, кои се осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
