ДКСК

Коридорите под лупа на ДКСК

26.01.2024 12:22

Изградбата на коридорите 8 и 10д што ги работи Бехтел и Енка под лупа на Антикорупциската комисија. Институциите однапред се координирале и ги договарале постапките за фирмата да ја земе работата. Утврдени и други пропусти...

Државната комисија за спречување на корупцијата со низа забелешки за одлуките кои се носени за изградба на коридорите 8 и 10Д со „Бехтел и Енка“. Оттаму бараат Обвинителството да постапува. Антикорупционерите утврдиле дека и покрај тоа што носителот на надзорот доставил лиценца за надзор над проектот, веднаш по добивањето на договорот, четворица инженери го раскинале договорот со фирмата, поради што се поставува прашањето дали ќе има квалитетен и навремен надзор над градењето на автопатиштата. Од ДКСК велат оти постои и ризик од корупција, особено во делот на експропријацијата на земјиштето, иако во оваа фаза тие утврдиле само злоупотреба на законските одредби во надзорот.

Активностите на владини претставници согласно нивните наводи за склучување на договорот, може да се оценат како спротивни на законот за лобирање, велат од ДКСК. Ако се земе предвид дека договорот за градење 109 километри автопат во вредност од 1,3 милијарди е со ознака доверливо, во ДКСК посочија дека тоа отвора сомнеж за потенцијална корупција.

 

Игор Панов