Привршува рокот за легализација на земјоделските објекти
Остануваат уште 2 месеци за добивање на имотни листови на веќе изградените штали и други капацитети...

До август 2014-та земјоделците ќе можат да ги легализираат веќе изградените земјоделски фарми, штали и оранжерии.
Лани беа поднесени 80 барања за изградени објекти, а одобрени 35.
Постапката е идентична со легализацијата во урбаните средини.
Разликата е што градбите не мора да се во согласност со урбанистичките планови,туку треба да имаат позитивно мислење од министерството за земјоделство.
Може да се легализираат само објектите изградени пред април 2011-та година.
До општините треба да се достава три документи:државјанство,елаборат и платени комунални сметки.
Локалната власт издава одобренија со кои се врши упис во катастарот и се добива тапијата.
Методија Трајков
