Полициска акција во Грчец: Мерки на претпазливост за едно лице и притвор од 30 дена за пет лица
За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд.

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за шест лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во с. Грчец, донесоа решенија со кои е п0рифатен предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и на лицата Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд.
Воедно судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд, стои во соопштението на судот.
