МТСП

Тренчевска: Нема да дозволиме детската сиромаштија да ги намали можностите на децата во нашата држава

26.01.2024 13:55

Промовирана е новата соработка помеѓу УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика во делот на детската заштита на настанот за промоција на ефикасноста и ефективноста на детската гаранција по примерот на земјите во Европската Унија...

Промовирана е новата соработка помеѓу УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика во делот на детската заштита на настанот за промоција на ефикасноста и ефективноста на детската гаранција по примерот на земјите во Европската Унија. Европската детска гаранција е механизам на ЕУ за спречување на социјалното исклучување на децата на кои им е потребна преку гарантирање пристап до низа клучни основни социјални услуги. Детската гаранција има за цел да обезбеди пристап на ранливите деца до квалитетни услуги, односно да се одредат минимални пакети на услуги за секоја група на најранливи деца. Гаранцијата, која веќе е имплементирана во неколку земји во Европа, воведува иновативни пристапи за национално буџетирање, планирање и развој на национални акциони планови за намалување на детската сиромаштија и за справување со систематските неповолности за особено ранливите деца.

На настанот за промоција се обратија Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција Ди Џовани.

Тренчевска на почетокот од своето обраќање ја изрази својата благодарност кон канцеларијата на УНИЦЕФ за поддршката која ја даваат на Министерството за труд и социјална политика особено во делот на детската заштита.

Таа посочи дека покрај обезбедувањето на повеќе капацитети во градинките Владата заедно со УНИЦЕФ работеше и на зајакнување на капацитетите на кадарот во градинките. Тренчевска посочи дека досегашната успешна соработка доведе до моментот да се размислува и на спроведување на Европската детска гаранција во државата.

Важноста на Европската детска гаранција за Република Северна Македонија во своето обраќање ја објасни претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани.

Патриција истакна дека гаранцијата ќе им помогне на националните и локалните власти да го зајакнат управувањето со јавните финансии во однос на подобро планирање и буџетирање во однос на основните социјални услуги за ранливите деца во сферата на детската и социјалната заштита, здравствената заштита и образование.