Во МНР одбележан 27-ми јануари – Денот на жртвите на Холокаустот
Во Министерството за надворешни работи се одржа комеморативен настан по повод 27 јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот...

Никогаш да не се повтори најмрачниот период и најголемиот геноцид во историјата, во кој животот го загубија 6 милиони Евреи. Порака од комеморативниот настан во македонското Министерство за надворешни работи за Меѓународниот ден за спомен на жртвите од Холокаустот.
На овој ден неминовно е да се споменат и големиот број на македонски Евреи кои фашистичкиот окупатор ги депортираше во тогаш окупираната Полска, а по депортацијата, во Македонија останаа да живеат само 2 проценти од дотогашната бројна еврејска заедница.
Благодарност до Македонија од Израел за придржувањето кон заедничката изјава против антисемитизмот, но и за осудата на минатогодишниот терористички напад на Хамас врз Израел, во кој беа убиени, измачувани и киднапирани голем број на жртви, од кои дел се сè уште во заложништво.
Во рамки на одбележувањето е предвидена и изложба на фотографии од Аушвиц во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија.
Марија Котовска
