Сузбивање на криминалната група од Грчец, како да се фатат кртовите во институциите?
Триесет дена притвор за петмина од уапсените членови на криминалната група од Грчец. Како да се фатат кртовите во институциите што им помагале...

Притвор за петмина од уапсените од групата во Грчец која шверцувала кокаин, 10-мина сè уште во бегство. Едно лице доби мерки за претпазливост, одземен му е пасошот.
„Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на петмина им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од Кривичен суд.
Поранешниот началник во МВР и експерт за криминалистика Љубомир Ѓурчевски вели дека бандите од скопското подземје го делеле пленот. Фактот што имале помош од вработени во институции, според него, ги покажува и врските со партиите.
Министерот Спасовски кажа дека јавноста ќе се шокира кога ќе чуе кои лица од министерства и од други институции биле доушници и спонзори во овој меѓународен бизнис со дрога.
Вработени во институции, судови и обвинителства давале информации на криминалци, рече министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Според него, морало да се стави крај на криминалот.
Групата обвинета за организирање убиства и шверц на кокаин соработувала со јужноамериканските земји.
Борис Грујоски
