ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Нудиме професионалци кои имаат обврска да обезбедат кредибилен изборен процес

26.01.2024 15:02

Нудиме професионалци кои имаат обврска да обезбедат кредибилен изборен процес. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ги претстави нивните кандидати за министри и дополнителни заменици во техничката влада. Панче Тошковски, кој застанува на чело на МВР, вели дека е невозможно за толку краток период да се среди хаосот со личните документи...

„Ќе го дадеме максимумот за одржување фер и демократски избори“, порачаа кандидатите за министри и дополнителни заменици во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Мицкоски рече дека примарна цел им е да го консолидира антивладиниот глас за да имаат мандат за трансформација на Македонија.

Панче Тошковски ќе седне во министерката фотелја на Спасовски во МВР, но рече дека има премалку време да се среди хаосот со личните документи. За технички министер во труд и социјала е предложен Ѓоко Велковски. Елена Петрова ќе биде заменичка во финансии, Стефан Андоновски во информатичко општество и администрација и Цветан Трипуновски во земјоделство.

Опозицијата останува на ставот да биде воздржана кога ќе се гласа за техничката влада.

 

 

Наташа Гркова-Петрушевска