Техничка влада

Џафери го доби мандатот за состав на техничка влада

26.01.2024 18:10

Претседателот Пендаровски му го врачи мандатот на Талат Џафери, кој ќе ја предводи техничката влада за спроведување на изборите. Собранието го избра Јован Митрески за нов спикер на законодавниот дом...

Претседателот Пендаровски го додели мандатот на Талат Џафери за составување на техничката влада. Ќе креирам соодветен состав на Владата со соодветни обврски, надлежности и одговорности кон граѓаните, рече Џафери кој во сабота ќе ја достави програмата за работа на неговата Влада.

Јован Митрески е нов претседател на Собрание. За неговиот избор гласаа 64 пратеници, 40 беа против. Тој порача дека ќе биде отворен за соработка со сите пратенички групи, вклучително и со оние кои не гласале за него. Очекува конструктивна и ефикасна работа на законодавниот дом во интерес на државата.

Мнозинството оцени дека со Митрески на чело на пратеничката група на СДСМ биле донесени значајни законски решенија, ВМРО-ДПМНЕ критикуваше дека изминативе четири години во Собранието континуирано се кршел или селективно се применувал Деловникот, па законодавниот дом бил нефункционален.

За техничката влада со мандат од 100 дена ќе се гласа в недела.

 

Миле Ристески