Временска прогноза
Утре променливо облачно време со слаб локален дожд
26.01.2024 19:21
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец на моменти со брзина од над 60 километри на час...

Во текот на утрешниот ден во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а на планините и на некои повисоки места со услови за слаб снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец на моменти со брзина од над 60 километри на час.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 2, максималната од 3 до 12 степени. Врнежи се очекуваат и во недела, а од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.
