правосудство

Апелација му го укина куќниот притвор Беким Незири

26.01.2024 19:32

Апелациониот суд му го укина куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, кој беше во групата која упадна во Македонската навигација...

Апелација му го укина куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, кој беше во групата која упадна во Македонската навигација.

Второстепениот суд ги уважил жалбите на осомничените, го укинал куќниот притвор на Незири и уште еден осомничен, а ги оставил на сила мерките за претпазливост, кои првично им ги одреди Кривичниот суд.

Апелациониот суд оценил дека скопското Обвинителство не приложило докази дека осомничените може да избегаат, да ја попречуваат истрагата и да влијаат на сведоци или да го повторат делото. При одлучувањето, судот ги имал предвид и дадените предлози на Вишото јавно обвинителство со кои се предлагало да се уважат жалбите на осомничените.

Незири и останатите се сомничат за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќајот.