Завршува учебната година и екстерното тестирање
10.06.2014 10:09
Уписите за средно образование се на 23-ти овој месец...

За основците и за средношколците денеска завршува учебната година. Годинава, основното образование го завршува последната генерација осмооделенци, бидејќи неколку години во нашиот образовен систем е воведена деветолетката.
Денеска е и последниот ден од екстерното тестирање, со опфатени вкупно 189 илјади 37 ученици од четврто одделение до трета година во средно образование, како и 18 илјади 126 наставници во 680 основни и средни училишта.
Утре, средношколците што завршуваат четврта година, ќе го полагаат вториот предмет странски јазик, во рамките на државната матура, со која е предвидено да се полагаат четири предмети.
Уписите за средно образование се на 23-ти овој месец.
