Свет

Земјотрес од шест степени го погоди јужниот дел на Гватемала

27.01.2024 09:02

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Гватемала во Пацификот доцна синоќа. Земјотресот го потресе Гватемалскиот регион Ескуинтла, а беше почувствуван и во Ел Салвадор.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, а неговата длабочина била 119 километри.