Култура

„Операта на шумските животни“ – детска интерактивна музичка претстава во НОБ

27.01.2024 09:07

„Операта на шумските животни“ е музичко-драмска претстава која има за цел да ја запознае најмладата публика со оперската уметност. Во сценариото има многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава. Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“ и други, велат од Операта.

Во Националната опера и балет денеска од 12 часот ќе се одржи детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за публика од шест до 11 години. Идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата се на Десанка Глигоријевиќ.

„Операта на шумските животни“ е музичко-драмска претстава која има за цел да ја запознае најмладата публика со оперската уметност. Во сценариото има многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава. Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“ и други, велат од Операта.

Во оперската претстава учествуваат Билјана Камчева, Марика Поповиќ, Јане Дунимаглоски и Невен Силјановски.

Таа е од хуманитарен карактер, а собраните средства од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на младиот Леонид Индов, кој во несреќен случај во Грција се здоби со тешки повреди.