Снегот ја продолжи зимската сезона
Полни капацитети, Крушево атрактивно за туристите
27.01.2024 10:21
Без разлика на снегот, Крушево е атрактивно за гостите и туристите. Празниците ги преполнија капацитетите, новиот снег ја продолжи зимската сезона…

Без разлика на снегот, Крушево одлично помина за празниците. Со преку 1.000 легла во хотелското и приватното сместување, туристичко и историско Крушево се соочи со недостиг од капацитети да одговори на барањата, главно на домашните, но и на странските туристи. Новиот снег ја продолжи зимската сезона.
Годината почна без снег, но тоа не влијаеше на посетеноста. Снегот ги отвори можностите за продолжена зимска сезона.
Крушево е атрактивно за четири сезони. Градските власти се свесни дека треба да се унапреди услугата за туристите. Крушево неуморно нуди туризам и историја.
Елизабета Митреска
