Русија

Објавена снимка од „Иљушин 75“ пред падот

27.01.2024 09:38

Москва и натаму го обинува Киев за вмешаност. Тврди дека леталото било погодено од украинската противоздушна одбрана. Најави дека истрагата јавно ќе биде објавена.

Руските истражители објавија видео на интернет од луѓе за кои тврдат дека се украински заробеници како се качуваат на авионот „Иљушин 76“ кој подоцна се урна со 65 украински заробеници во близина на Белгород. Москва и натаму го обинува Киев за вмешаност. Тврди дека леталото било погодено од украинската противоздушна одбрана. Најави дека истрагата јавно ќе биде објавена.

„Доказите беа собрани од местото. Сугерираат дека ова е проектил за воздушна одбрана. Најверојатно, американски системи „патриот“ или француски системи за воздушна одбрана. За неколку дена ќе биде даден точниот одговор“, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Украина негира и вели дека и натаму нема веродостојни и сеопфатни информации за тоа кој бил во авионот. На видеото немаше официјални украински коментари.