Трамп повторно изгуби од новинарката Керол
Трамп мора да плати 83,3 милиони долари на новинарката Елизабет Керол за јавните изјави што ги дал во 2019 година со кои ја омаловажувал и ги негирал нејзините наводи за силување- утврдил судот во Менхетен.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп мора да плати 83,3 милиони долари на новинарката Елизабет Керол за јавните изјави што ги дал во 2019 година со кои ја омаловажувал и ги негирал нејзините наводи за силување- утврдил судот во Менхетен. Вкупната сума е осум пати повисока од тоа што Керол го бараше во првичната тужба. Адвокатката на Трамп ќе ја обжали одлуката.
„Веднаш ќе поднесеме жалба. Ќе ја оставиме настрана таа смешна порота. Ние сме во њујоршко жири и затоа ги гледаме овие лов на вештерки и измами, како што тој ги нарекува. Но, тоа нема да не одврати, ќе продолжиме да се бориме“, рече Алина Хаба, адвокатка на Доналд Трамп.
Ова е втор пат во девет месеци поротата да го разгледа тврдењето на Керол дека Трамп ја нападна во стоковна куќа во Њујорк во 1996 година.
