Првиот човек на Бундесферот ги пофали македонските војници во мисијата ИСАФ
10.06.2014 10:20
Првиот човек на оперативната команда на Бундесферот, генерал полковник Ханс-Вернер Фриц, го пофали ангажманот на македонскиот контингент, во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Тој, во 2010-тата и 2011-тата беше командант на германскиот контингент во Кабул.

„За искуството со македонските војници, можам да зборувам многу конкретно, зашто беа во мојот штаб, со други зборови, беа пред мене. Начинот на кој пристапуваа кон ангажманот, на кој ги извршуваа задачите, како соработуваа во штабот, според моите критериуми, беше многу добар. Сметам дека, и малите контингенти можат многу да придонесат во севкупната задача, што треба да се исполни“, вели германскиот генерал.