Македонија

Учениците со попреченост учат со помош на образовни асистенти

28.01.2024 10:10

Учениците со попреченост за да ја следат наставата добиваат поддршка преку образовни асистенти, кои се ангажираат преку петте основни училишта за ученици со посебни потреби. Тие сега се ресурсен центар...

Учениците со попреченост од почетокот на оваа учебна година 2023/24 настава посетуваат во редовните основни училишта. Петте основни кои постојат во Македонија, кои досега ги образуваа, повеќе не запишуваат ученици со посебни потреби. Ова е новина во системот на нивно вклучување во образовниот систем.

Учениците со попреченост за да ја следат наставата добиваат поддршка преку образовни асистенти, кои се ангажираат преку петте основни училишта за ученици со посебни потреби. Тие сега се ресурсен центар.

По завршувањето на последниот ученик, кој сега посетува настава, а ги има од второ одделение па до деветто, овие училишта ќе продолжат да бидат ресурсни центри и да даваат поддршка за обезбедување на образовни асистенти, поддршка за психомоторна терапија, логопедна терапија на децата со попреченост, или тие нема да згаснат.

Петар Печков