Пониква сè поатрактивна за туристи!

10.06.2014 10:36

Малешевските и Осоговските планини го сочинуваат туристичкиот синџир во источниот дел на Македонија. Со услови за летен и за зимски туризам, се повеќе се наметнува Пониква. Општините пробиштип и кочани го урбанизираа теренот и веќе се слеваат средства во општинскиот буџет од продажбата на парцелите...

На само 20 километри од Кочани,  до Пониква се пристигнува по асфалтен пат кој води до густа букова шума и прекрасни пејзажи – вистинско место за одмор и релаксација.

„Ова е една од поубавите планини во регионот“, вели Кире Монев, посетител од Штип.

„Штом излезам од градот и доаѓам наваму, подруго се чувствувам“, изјави Сашо Крстев, посетител од Кочани.

На располагање на намерниците, но и на туристите им стојат пет угостителски  објекти. Осоговската убавица станува се поатрактивна и за гости од останатите делови од државата.

„Прв пат сме тука, го искориститвме слободниот ден да се прошетаме малку. Прекрасно е“, велат Зоран и Снежана Ристовски, посетители од Велес.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за бујна вегетација, па љубителите на природата овде уживаат во берењето, печурки или шумски плодови.  А туристичките работници, веќе размислуваат како природните богатстава на планината да ги направат Осоговски бренд.

„Да биде законски регулирано- потенцијал има. Планината е многу богата“, смета угостителот Владо Стојанов.

На посетителите на располагање им е гастономска понуда која е карактеристична за македонската тадиционална кујна, од пунџур до зелник.

„Сакаме да ја зачуваме старата македонска традиционална храна“, нагласува угостителот Горан Стојанов.

Во непосредна близина  се наоѓа и резерватот за дивеч „Полаки“, кој располага  со можност за лов на елени, муфлони, диви свињи и ситен дивеч.

Општините Кочани и Пробиштип, продаваат околу 100 плацеви за изгрдаба на мотели и вили, со што драстино ќе се зголемат и можностите за сместување на гости.

Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, Пониква зазема важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.

 

Оливера Жежова