Кошарка

Дончиќ стана четвртиот играч во историјата на НБА со 73 поени

27.01.2024 14:59

Според веб-страницата на НБА, Дончиќ постави нов личен рекорд за постигнати поени во натпревар од регуларниот дел од сезоната.

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постигна 73 поени ноќеска на натпреварот од регуларниот дел од НБА сезоната против Атланта (148:143).

Според веб-страницата на НБА, Дончиќ постави нов личен рекорд за постигнати поени во натпревар од регуларниот дел од сезоната.

Дваесет и четиригодишниот словенечки репрезентативец стана и четвртиот играч во историјата на НБА кој достигнал 73 поени на еден натпревар. Претходно ова им успеа на Вилт Чембрлен, Коби Брајант и Дејвид Томпсон.