Проширувањето на Унијата ќе зависи од политичката волја
Македонија ги исполни условите за членство, проширувањето на Унијата ќе зависи од политичката волја на Брисел. Во Скопје дебата на Паневропската унија. Апел од учесниците-нè очекува тешка економска година, намалувањето на корупцијата е клучно…

Македонија ги исполни условите, на ред е Брисел. Од политичката волја ќе зависи проширувањето на Унијата. Оваа ќе биде изборна и клучна година, како за земјава така и за другите држави – пораки од дебатата на Паневропската унија за предизвиците од зголемувањето на европското семејство. Проблем е, велат, високата стапка на корупција. Да се работи суштински на нејзино искоренување.
Нè очекува тешка економска година со многу предизвици, да се покаже поголема сериозност за развој на бизнисите, за МТВ вели првиот човек на Стопанската комора Азески. Акцент да се стави на недостигот на работен кадар, намалената ликвидност на компаниите.
Генерална оценка е дека ќе продолжат да растат цените на енергенсите и храната, а најголемиот „цех“, велат учесниците во дебатата, ќе го платат граѓаните, соочени со нискиот животен стандард.
Учесниците покрај за проширувањето на ЕУ, разговараа и за мирот и стабилноста на земјите од соседството, како и за продлабочување на економските, политичките и социјалните предизвици.
Борис Грујоски
