Свет

Илјадници домови во Австралија без струја поради тропска бура

27.01.2024 18:23

Бурата од втора категорија го зафати брегот што се граничи со големиот корален гребен, зад себе оставајќи искорнати дрвја и гранки по далноводите.

Десетици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд останаа без струја, два дена откако тропскиот циклон Кирили донесе разорни ветрови и силен дожд.

Бурата од втора категорија го зафати брегот што се граничи со големиот корален гребен, зад себе оставајќи искорнати дрвја и гранки по далноводите.

Се очекува на поголемиот дел домаќинства до утревечер да им биде пуштена електричната енергија. Војниците помагаат во расчистување на областа.