Европа
Германија: Прекинат штрајкот, постигнат договор со Дојче бан
28.01.2024 10:46
Од утре возовите редовно ќе сообраќаат. Јавниот притисок дополнително придонесе за побрз договор меѓу двете страни, откако возовите низ цела Германија од средата прекинаа да сообраќаат.

Штрајковите на германските машиновозачи завршуваат порано од планираното откако се постигнати првични договори во спорот за платите меѓу Дојче бан и нивниот синдикат.
Од утре возовите редовно ќе сообраќаат. Јавниот притисок дополнително придонесе за побрз договор меѓу двете страни, откако возовите низ цела Германија од средата прекинаа да сообраќаат.
„Во март ќе има бонус за компензација за инфлацијата од 1.500 евра за нашите вработени. Беше договорено да се преговара и за моделите на работното време“, изјави Ања Брокер, портпаролка на Дојче бан.
