Потребна е кампања
Намален е бројот на згрижувачки семејства
28.01.2024 10:56
Прилеп е трет град во земјава по бројот на згрижувачки семејства, но сепак е намален. Потребна е кампања за подигнување на свеста за една од најблагородните работи кога е во прашање топлиот дом …

Аца Божиноска и Весна Димоска со нивните сопрузи се ветерани во згрижувањето деца без родителска грижа. Повеќе од 20 години љубов и грижа им подариле на 11 деца. Имаат напредок, дел се со нивните семејства.
Во моментов во Прилеп има 21 згрижувачко семејство со 27 деца. Згрижувањето бележи намалување и неопходна е кампања во земјава.
Во Македонија има 300 згрижувачки семејства. Со процесот на деинституционализација се формирани станбени единици кои функционираат како згрижувачки семејства.
Елизабета Митреска
